Пејачката Ријана го очекува своето прво дете со раперот ASAP Rocky, а откако почна да и се гледа трудничкиот стомак, дополнително го истакнува со своите комбинации на облека.
На многумина не им се допадна кога на многу настани се појавуваше речиси полугола, но најновиот стајлинг сепак наиде на одобрување кај публиката.
Рири скокнала на вечера во ресторан во Лос Анџелес, а во таа прилика облекла мини розов фустан. Фустанот бил украсен со пердуви, а пејачката имала и чанта во ист стил, која одлично и прилегала.
Она што е исто така впечатливо се нејзините чевли со високи потпетици. Не е познато дали пејачката има проблеми со болки во грбот, но дефинитивно не се откажува од високите потпетици.