СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Еве кога ќе се разубави времето

|

Како што највивме, појава на повремен локален дожд и снег на планините ќе има и утре претпладне, додека во среда се очекува краткотрајна стабилизација на времето. Нови локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток кога ќе има услови и за локална нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи. Потоа повторна стабилизација на времето се очекува од петок.

Што се однесува до температурите, тие особено од среда па натаму ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен, додека особено од петок во најтоплите предели истите има услови да се искачат до околу 25 степени, вели нашиот метео прогнозер СЛавчо Попоски.

И во Скопскиот регион утре особено претпладне ќе има услови за повремен слаб локален дожд, додека во среда ќе има краткотрајна стабилизација на времето. Нови услови за повремен локален дожд и услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи ќе има во четврток, додека повторна стабилизација на времето се очекува од петок. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 13 и 19 степени.