Повкусни од пекара: Домашни переци

|

Направете переци во вашиот дом.

СОСТОЈКИ: 4 ½ шолји брашно 1 ½ шолји вода 50 гр. топен маргарин 1 квасец кесе 2 лажички сол 1 лажиче шеќер 1 жолчка 1 лажица вода 2 л. вода 5 лажици сода.

ПОДГОТОВКА: Се меша брашното со квасец, сол и шеќер и стопен путер. Се става млака вода и се меси тесто. Се остава еден час. Се премесува и се дели на осум дела. Се развлекуваат, се прави трака и переци. Се варат во вода со сода 30 секунди.

Се премачкуваат потоа со жолчка со вода и сол. Се печат на плех во рерна на 230 степени 15 минути. Добар апетит!