Мел Гибсон поради прашањето на новинарот веднаш го прекина интервјуто

ИЗВОРНов Лист
|

Актерот и режисер Мел Гибсон нагло го прекина интервјуто откако беше прашан за случувањата на Оскарите.

Гибсон го прекина интервјуто откако водителот Џеси Вотерс го праша за тоа што се случи меѓу Вил Смит и Крис Рок на Оскарите.

– Можеби ова го разбирате подобро од другите, со оглед на тоа каква е вашата кариера. Што ќе се случеше ако вие станевте и го удривте Рок, дали ситуацијата ќе беше иста – праша Вотерс.

Актерот на тоа се насмеал и дал знак дека не сака да одговори на прашањето, а потоа се вклучил и неговиот ПР менаџер кој рекол дека времето за интервју е истечено.

Гибсон е познат по проблематичното однесување пред и зад камерата.

Актерот беше уапсен во 2006 година под сомнение дека возел во алкохолизирана состојба во Малибу и им давал антисемитски коментари на полицајците, за што подоцна се извини, наведувајќи дека коментарите биле дадени „во момент на лудило“.