Владата донесе одлука платите на оваа категорија граѓани да се усогласат со минималната

|

Владата денеска ја одржа 36-тата седница при што беа донесени повеќе значајни одлуки, меѓу која и оваа.

Како што информираат од таму денеска се утврдија измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата со коишто се врши усогласување со Законот за минимална плата за да се постигне еднаквост на сите вработени во приватниот и јавниот сектор со најниски примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата, за да се опфатат со корекции во однос на минималната плата и категоријата негувател/помошно-стручен работник-приправник во секторот детска заштита.

Владата ги утврди и изменувањата и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување за пресметка на платите на вработените во стручната служба на Фондот со цел усогласување со Законот за минимална плата и со Законот за административни службеници.