Еве како изгледа нејзината љубов – Ова е вистината за врската на Деми Мур

ИЗВОРНов Лист
|

Иако актерката Деми Мур често ја поврзуваа со српската стилистка Маша Манџук, познатата ѕвезда изгледа го сака швајцарскиот готвач Даниел Хум, сопственик на синџир ексклузивни ресторани ширум светот.

По разводот со Ештон Качер, многумина тврдат дека Деми конечно е среќна.

Деми и Даниел беа фотографирани заедно на модната недела во Париз, а заедно го напуштија и хотелот.

Тие се многу заљубени и тоа е предизвик во моментов. Даниел работи многу напорно, смените се долги во неговиот ресторан ‘Eleven Madison Park’, но сепак наоѓа време за Деми. Таа често му се придружува на романтичните вечери во ресторанот – изјави за Page Six извор близок на парот.


Хум е сопственик на синџирот елитни ресторани „НоМад“, како и на ресторанот „Дејвис и Брук“ во Лондон, а пред три години бил поврзан со Лорин Пауел Џобс, вдовицата на Стив Џобс, но не е јасно кога двајцата ја завршија својата романса. Тој беше виден во друштво на Меган Маркл и пред таа да се омажи за принцот Хари, а сега најде љубов со 13-години постарата актерка.