Како ќе влијае на вашиот знак астролошкиот феномен што се случува еднаш во 166 години?

|

12 април е многу посебен ден во астролошка смисла бидејќи редок астролошки феномен што се случува еднаш во 166 години ќе се случи токму годинава на тој датум.

Спојувањето на Јупитер со Нептун во Риби ќе се случи на 12 април, а се работи за положба на планетите што не се случува често – на секои 166 години. Овој транзит ќе ни донесе среќа, а како точно ќе влијае на секој хороскопски знак зависи од тоа во која куќа ви е знакот Риби.

Прочитајте ги деталите.

Овен

Риби се во вашата 12-та куќа, што значи дека влијаат на вашата потсвест, како што се соништата, тајните и емоциите.

Бик

Риби се во вашата 11-та куќа, што значи дека оваа позиција на планетата ќе влијае на пријателствата, поддршката што ја добивате од блиски луѓе и иновативните идеи.

Ќе се чувствувате одлично, а успесите ќе следат сами! Ве очекуваат значајни промени кога се во прашање здравјето и меѓучовечките односи, сè ќе биде во ред. Ќе бидете наградени за целиот труд што го вложувате.

Близнаци

Риби се во вашата десетта куќа, па овој транзит на планетата ќе влијае на вашиот социјален статус и кариера.

Ќе имате одлични идеи, осмелете се да сонувате големи соништа! Конечно гледате што ви застана на патот и сега знаете по кој пат да одите. Бидете храбри, ќе ви се исплати!

Рак

Риби се во вашата деветта куќа, па оваа позиција на планетата ќе влијае на патувањето и образованието, но и на вашата поврзаност со себе.

Спојот на Јупитер со Нептун во Риби ќе ви помогне да имате многу поголема доверба во себе, што значи дека повеќе ќе ја слушате вашата интуиција. Емпатијата ќе биде многу изразена, како и љубезноста, а блиските луѓе ќе ви помогнат подобро да ги разберете вашите соништа.

Лав

Риби се во вашата осма куќа, што значи дека конјукцијата на Јупитер со Нептун во Риби ќе има најголемо влијание врз вашиот внатрешен мир и интимност.

Овој период ќе биде одличен за вас затоа што ќе сфатите дека сите ваши соништа се можни, и многу сигурно остварливи. Отсекогаш сте верувале во себе, но тоа ќе биде уште поизразено во овој транзит на планети, а тоа ќе ве турне напред.

Девица

Риби се во вашата седма куќа, а оваа позиција на планетата ќе има најголемо влијание врз меѓучовечките односи и рамнотежата.

Време е да се ослободите од минатото и да направите простор за вашите соништа. Конечно ќе се разбудите и ќе сфатите дека ВИЕ сте „најважната“ личност на планетата. Со други зборови, во претходниот период бевте премногу строги кон себе, а сега е време да си дадете малку љубов.

Вага

Риби се во вашата шеста куќа, па овој транзит ќе има најголемо влијание врз вашето здравје, дневна рутина и кариера.

Ќе се чувствувате одлично, ќе зрачите и ќе ширите оптимизам насекаде околу вас. Сакате да постигнете многу, а овој транзит ќе ве натера да сфатите дека треба да уживате во сето тоа. Ѕвездите ви се наклонети, а за да постигнете сè што сакате, потребна ви е храброст, која секако не ви недостига.

Скорпија

Риби се во вашата петта куќа, а овој транзит на планетата ќе има најголемо влијание врз љубовта и креативноста.

Ќе имате многу енергија и ентузијазам, ќе ви биде изразена интуицијата и ќе носите многу мудри одлуки. Верувате во себе и во најдоброто во луѓето, исполнети сте со љубов и уживате во она што ви се враќа.

Стрелец

Риби се во вашата четврта куќа, па овој транзит на планетата најмногу ќе влијае на вашето семејство и на ситуацијата во домот.

Ќе бидете многу мирни и ќе ја отфрлате секоја негативност од себе, а вашата креативност ќе биде толку изразена што голема е веројатноста сите да бидат воодушевени од вашите идеи и талент.

Исто така, оваа позиција на планетата ќе ја поттикне вашата желба за знаење и ќе ве поттикне да бидете уште подобра личност.

Јарец

Риби се во вашата трета куќа, па оваа позиција на планетата ќе има најголемо влијание на комуникацијата со пријателите, семејството и колегите.

Спојот на Јупитер со Нептун во Риби ќе ви донесе внатрешен мир и опуштен пристап кон сè што се случува околу вас.

Вие обично имате проблем бидејќи сами си го отежнувате животот, но сега конечно ќе сфатите дека вие сте всушност центарот на сите ваши проблеми, а не некој друг. Преземањето одговорност за вашиот живот ќе направи сè да ви изгледа полесно одеднаш и ќе започнете „нов“ живот.

Водолија

Риби се во вашата втора куќа, па претстојниот транзит на планетата ќе влијае на вашите финансии и самодоверба.

Конечно ќе сфатите дека е во ред да правите што сакате, и не само тоа, туку ќе имате толку многу самодоверба и самопочит што ќе направите нешто посебно од тоа. Доколку сте креативна личност, пред вас е навистина одличен период.

Риби

Риби се во вашата прва куќа, па спојувањето на Јупитер со Нептун во Риби најмногу ќе влијае на вашиот идентитет, привлечност и начинот на кој се претставувате пред другите.

Ви следат одлични работи, ќе имате впечаток дека имате волшебно стапче со кое можете да промените сè што сакате и да ги остварите вашите соништа на љубовен, финансиски план, здравје, работа и семејство.

Речиси сè што ќе посакате ќе ви се оствари, а овој период ќе можете да го искористите за да направите нешто добро за другите и за себе.