Петровска од Делфи форумот: единствен одговор на растечката нестабилност е јасна европска перспектива за земјите од Западниот Балкан

|

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска зборуваше на панел дискусија на престижниот економски форум Делфи во Грција, посветена на безбедносните предизвици за Западниот Балкан.

Своето излагање Петровска го започна со оценката дека светот се наоѓа во критичен момент за европската и глобалната безбедност предизвикана од руската агресија врз суверена и независна Украина, која е неоправдана и извршена без провокација.

Таа додаде дека паралелно со конвенционалните се зголемуваат и хибридните закани, вклучувајќи го и ширењето на дезинформации и лажни вести, за што државите од Западниот Балкан мора да работат за да ја засилат општествената отпорност.

Министерката се осврна и на сето она што можат државите да го направат за да се справат со растечката нестабилност – Балканот да не дозволи проширување на несигурноста во овој регион, а Европа да даде јасна перспектива за брза и ефикасна интеграција на земјите од регионот во Унијата.

„ На Балканот се е поврзано по принципот на сврзани садови. Секој поединечен билатерален спор често има регионални импликации. Секој неуспех во одржувањето на европската траекторија за Западен Балкан може да има драматични последици за земјите во регионот но и за ЕУ во поглед на безбедноста и миграциите. Европската и евроатлантската перспектива за земјите од Западниот Балкан мора да биде јасна и на дофат. Тоа ќе ги зацврсти демократските вредности и процеси во регионот и ќе биде катализатор за суштински реформи во нашите општества“, истакна Петровска на панел-дискусијата.


На прашање од модераторот на панелот, Јанис Армаколас, дали Северна Македонија прави доволно на полето на реформскиот процес, министерката Петровска направи споредба со напредокот на државата за периодот од 2017 до сега, при што нагласи дека од држава со сериозно поткопани и компромитирани институции, особено по скандалот со прислушкувањето, сега е членка на НАТО. Ова членство не подразбира само политичка воља, туки исполнување на болни и сеопфатни реформи, особено во секторот на разузнавачките служби.

Европската перспектива за Западниот Балкан дополнително е најдобрата одбрана од влијанија на трети страни во регионот – рече Петровска и потенцираше дека почетокот на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија не треба да се одлага, а моменталната геополитичка ситуација најдобро го отсликува безбедносниот елемент на политиката на проширувањето на Европската Унија.

На седмиот по ред економски форум Делфи кој се организира под насловот „Нови реалности“, учествуваат 760 учесници – европски претседатели, премиери, еврокомесари и министри, како и научници, универзитетски професори и претприемачи. На поголем број панел – дискусии се разговара за значајни глобални теми, како што се светската безбедност, глобалната економија,  климатските промени, иднината на ЕУ, технологијата, здравството, општеството, културата итн. од Делфи форумот: единствен одговор на растечката нестабилност е јасна европска перспектива за земјите од Западниот Балкан

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска зборуваше на панел дискусија на престижниот економски форум Делфи во Грција, посветена на безбедносните предизвици за Западниот Балкан.

Своето излагање Петровска го започна со оценката дека светот се наоѓа во критичен момент за европската и глобалната безбедност предизвикана од руската агресија врз суверена и независна Украина, која е неоправдана и извршена без провокација.

Таа додаде дека паралелно со конвенционалните се зголемуваат и хибридните закани, вклучувајќи го и ширењето на дезинформации и лажни вести, за што државите од Западниот Балкан мора да работат за да ја засилат општествената отпорност.

Министерката се осврна и на сето она што можат државите да го направат за да се справат со растечката нестабилност – Балканот да не дозволи проширување на несигурноста во овој регион, а Европа да даде јасна перспектива за брза и ефикасна интеграција на земјите од регионот во Унијата.

„ На Балканот се е поврзано по принципот на сврзани садови. Секој поединечен билатерален спор често има регионални импликации. Секој неуспех во одржувањето на европската траекторија за Западен Балкан може да има драматични последици за земјите во регионот но и за ЕУ во поглед на безбедноста и миграциите. Европската и евроатлантската перспектива за земјите од Западниот Балкан мора да биде јасна и на дофат. Тоа ќе ги зацврсти демократските вредности и процеси во регионот и ќе биде катализатор за суштински реформи во нашите општества“, истакна Петровска на панел-дискусијата.

На прашање од модераторот на панелот, Јанис Армаколас, дали Северна Македонија прави доволно на полето на реформскиот процес, министерката Петровска направи споредба со напредокот на државата за периодот од 2017 до сега, при што нагласи дека од држава со сериозно поткопани и компромитирани институции, особено по скандалот со прислушкувањето, сега е членка на НАТО. Ова членство не подразбира само политичка воља, туки исполнување на болни и сеопфатни реформи, особено во секторот на разузнавачките служби.

Европската перспектива за Западниот Балкан дополнително е најдобрата одбрана од влијанија на трети страни во регионот – рече Петровска и потенцираше дека почетокот на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија не треба да се одлага, а моменталната геополитичка ситуација најдобро го отсликува безбедносниот елемент на политиката на проширувањето на Европската Унија.

На седмиот по ред економски форум Делфи кој се организира под насловот „Нови реалности“, учествуваат 760 учесници – европски претседатели, премиери, еврокомесари и министри, како и научници, универзитетски професори и претприемачи. На поголем број панел – дискусии се разговара за значајни глобални теми, како што се светската безбедност, глобалната економија,  климатските промени, иднината на ЕУ, технологијата, здравството, општеството, културата итн.