Ријана за прв пат се најде на листата на милијардери на Форбс – Eве колку се проценува нејзиното богатство

ИЗВОРНов Лист
|

Пејачката и сопственичка на козметичката линија Ријана (34) се најде на листата на милијардери на Форбс за 2022 година, каде што се најде како најдобро рангирана музичарка.

Пејачката минатиот август стана милијардер, а на листата на Форбс се наоѓа на 1729 место со вредност од 1,7 милијарди долари.

Нејзиното богатство во голема мера е козметичката линија „Fenty Beauty“. Во 2020 година оствари приход од околу 550 милиони долари. Ријана е и првата личност од  Барбадос која стигнала на листата на Форбс.

Покрај Ријана, на листата се најдоа и Канје Вест (44) и Џеј Зи (52). Канје е на 1513 место со вредност од две милијарди долари, додека Џеј Зи е на 2076 место со богатство од 1,3 милијарди долари.

На врвот на овогодинешната листа е директорот на Tesla и SpaceX, Илон Маск (50). Според Форбс, тој е најбогатиот човек на светот, а неговата вредност се проценува на 219 милијарди долари.