Дали на Вил Смит ќе му го одземат Оскарот? Одлука ќе се донесе денес – Праведна казна или не?

ИЗВОРНов Лист
|

Дали на Вил Смит ќе му биде одземен Оскарот ќе знаеме попладнево. Вил Смит минатиот викенд му удри шлаканица на Крис Рок на Оскарите, а потоа се повлече од Американската филмска академија, академијата денеска ќе ја решава неговата судбина – дали ќе му биде одземена златната статуетка.

Само неколку минути по шлаканицата на сцената, Смит доби Оскар за најдобар актер во главна улога за „Кралот Ричард“. И сега Академијата ќе одлучи дали ќе му ја одземе.

Со повеќе од 9.000 членови, тековните разговори за Смит и Оскарите се водат, според американските медиуми, „во стотици групи на WhatsApp“. Членовите наводно се поделени, околу половина од нив сметаат дека на Смит треба да му се одземе наградата за прекршување на правилата на однесување, додека другата половина сметаат дека треба да ја задржи златната статуетка.

„Во Академијата нема место за луѓе кои го користат својот статус , моќ или влијание на начин што ги прекршува признатите стандарди на пристојност. Академијата силно се противи на вознемирување или дискриминација врз основа на пол, ориентација, потекло, попреченост, возраст, вера или националност.“ беше констатирано тогаш. На Харви не му беше одземен Оскар што го доби во 1999 година.

Средбата што ќе ја одржи Академијата е закажана за петок во 18 часот по локално време, а потоа ќе знаеме дали на Вил Смит ќе му биде одземен Оскар.