Бен Афлек и Џенифер Лопез се верија? Пејачката ненамерно ја откри ситуацијата

ИЗВОРНов Лист
|

Пејачката и актерка Џенифер Лопез беше снимена од папараците додека купуваше мебел во Лос Анџелес со нејзината ќерка Ема, а прстенот на нејзината рака поттикна гласини дека таа е свршена со актерот Бен Афлек.

Лопез била фотографирана додека пазарела, а на нејзината лева рака бил забележан голем дијамантски прстен. Пејачката дополнително ги подгреа гласините за свршувачка бидејќи, кога сфати дека папараците ја чекаат на излез од продавницата, го сврте прстенот, криејќи ја дијамантската страна кон дланката.

Доколку дијамантот е всушност веренички прстен, тоа би претставувало уште една свршувачка за оваа позната двојка, која ја обнови својата романса во 2021 година. Пред само два месеци, Лопез беше на промотивна турнеја за нејзиниот нов филм Marry Me и зборуваше за повторно разгорената љубовна врска со Бен Афлек.

Тие раскинаа пред 18 години бидејќи медиумското внимание им беше преголемо.

Филмската ѕвезда и кажа на Елен Деџенерис дека „никогаш не можела да замисли“ да се врати во љубов со Бен Афлек, но додаде дека „тоа е прекрасна работа“. Изгледа дека тогаш имала на ум свадбени ѕвона бидејќи на премиерата на новиот филм носела и венчаница.

Лопез и Афлек за малку ќе отидоа до олтарот пред две децении откако првпат се верија. Сепак, тие се откажаа во 2004 година, откако вниманието на медиумите стана преголем притисок за парот.

Лопез се омажи за Марк Ентони во јуни 2004 година, со кој имаше две деца, близнаците Ема и Макс, родени во 2008 година. Во меѓувреме, Афлек се ожени со Џенифер Гарнер во јуни 2005 година и имаше три деца со актерката: Виолет, Серафина и Самуела.