Италијанска готвачка своевремено откри – од овие состојки се прави најубавиот сос за шпагети

|

Италијанската готвачка Марсела Хазан, открила од кои состојки се прави најубавиот сос за шпагети, а со нејзиното мислење се согласиле и новинарите од магазинот „Delish“.

Поради брзото темпо на модерниот начин на живот, сè поголем број на луѓе се одлучуваат за купување сосови во тегла. Според Хазан, добар сос може да направите и сами и по помала цена, пренесува „Mirror“.

Марсела е родена во 1924-та година во градот Чезенатико. Во Њујорк отворила училиште за готвење и напишала голем број книги за готвење.

Во „Essentials of Classic Italian Cooking“ препорачала сосот од домати да се прави само од три состојки: конзервирани домати, кромид и путер.

Овој рецепт е објавен во 1992-ра година и сè уште го користат многу ценети готвачи ширум светот.

Значи, ставете половина кромид во шерпа со путер и домат и варете 45 минути. Списанието „Delish“ го прогласи овој сос од домати за најдобриот сос што можете да го направите дома.

Се разбира, ова е сосема субјективно мислење, но важно е да се напомене дека Италијанците се познати по нивното едноставно готвење. Фокусот е на сосовите, а сосот од домати е најпопуларен во Италија.

Готвачката Марсела починала во 2013-та година, но голем број љубители на храна сигурно ќе продолжат да ги подготвуваат нејзините рецепти.