МОН: Училиштата ќе продолжат да работат и ќе примаат ученици и од понеделник

|

И од понеделник, за кога е најавен штрајкот од страна на рaководството на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), основните и средните училишта ќе продолжат да работат, односно ќе примаат ученици и ќе организираат воспитно-образовен процес, извести Министерството за образование и наука (МОН).

Од таму додаваат дека прекин на наставата не смее да има, освен во услови на вонредни околности за што одлучува Владата.

„Училишните раководства имаат законска должност да го организираат воспитно-образовниот процес и да овозможат продолжување на континуитетот на следење на настава во училниците, кој беше воспоставен откако по година и половина едукација на учениците во вонредни услови на пандемија, тие повторно се вратија во училишните клупи, каде што впрочем им е местото“, се вели во соопштението на МОН.