Констракта на хрватската сцена со пет леѓени (ВИДЕO)

ИЗВОРНов Лист
|

Ана Ѓуриќ Констракта, овогодинешната претставничка на Србија на „Евровизија“ во Италија, досега има изведено три различни изведби на нејзиниот хит „In Corpore Sano“, во три различни земји.

За разлика од првиот настап на „Беовизија“ кој и донесе билет за „Евровизија“, Констракта ја промени кореографијата по еден месец во Тел Авив, Израел, на фестивалот „Israel Calling“ кога се појави во црвен фустан , сама и со неколку крпи во рака.

После тоа, таа настапи на ХРТ, хрватскиот јавен сервис, во емисијата „Ѕвездите пејат“ каде имаше поинаков стајлинг, шминка и реквизити.

Остануваат уште неколку недели до натпреварот за „Евровизија“, а останува да видиме во кое издание на Констракт ќе се појави во Торино.