Педесет и четиригодишниот Ѓ.И од Делчево кој бил пријавен за исчезнат изминатиот петок е пронајден без живот. Информацијата за пронаоѓање на делчевецот ја потврдија од делчевската полиција од каде информираа дека неговото тело е пронајдено покрај патот кој води до село Киселица.
-На 09.04.2022 во Полициската станица Делчево е пријавено дека покрај патот во с.Киселица, делчевско, бил пронајдено телото на Ѓ.И.(54) од Делчево, за кој на 08.04.2022 неговата сопруга пријавила дека се оддалечил од домот, информираа од полицијата во Делчево.
На телото на 54 годишникот од Делчево не биле видливи траги на нас илство, што е констатирано од лекар во Итна медицинска помош.
По наредба на Јавен обвинител како што додаваат телото било предадено на семејството, откако претходно увид извршила екипа на ОВР Делчево.