Натпреварувачките на Гранд извреѓани поради изгледот: „Дали оваа гардероба ѝ личи на млада девојка?“

ИЗВОРНов Лист
|

Викендов две натпреварувачки, Маја Ѓорѓевиќ и Анастасија Иќуруп се појавија на сцената на Звездите на Гранд во провокативни стајлинзи кои предизвикаа вистинска бура, како меѓу членовите на жирито, така и меѓу публиката.

Имено, пејачката и член на жирито Ана Бекута иницираше дискусија поврзана со стајлингот на двете натпреварувачки, кои се појавија едната во црн провокативен костим, а другата во црвено.

„Не знам што значи тоа, каде го наоѓате, каде ги купувате тие работи, како што изгледа катастрофа е. Толку е тоа евтино, изгледате евтино, тоа е катастрофа. Не можете да го направите ова вака, деца ,Не дозволувам да не го кажам ова,ти влијаеш на децата што не гледаат.Тоа што го правиш,посебно ти, ги тераш да се облекуваат вака.Ова е непримерно,одвратно“ изјави Ана Бекута.

Марија Шерифовиќ застана во одбрана на натпреварувачите, посочувајќи дека начинот на кој им се обраќа не е коректен и дека членовите на жирито треба повнимателно да ги избираат зборовите.

По навредите кои ги добила, учесничката Анастасија Иќуруп решила да се откаже од натпреварувањето.