Јелена Ѓоковиќ повеќе не изгледа исто: Сопругата на тенисерот целосно го промени имиџот

ИЗВОРНов Лист
|

Јелена Ѓоковиќ важи за жена која целосно се грижи за тоа како ќе изгледа, но се грижи се да биде во склад со природата. Затоа не ја бои косата, не се шминка, се храни здраво, носи само облека од природни материјали.

Сепак, на нејзиниот Инстаграм профил се појави фотографија на која се гледа во полн сјај.

Имено, Јелена објави фотографија на која е нашминкана, дотерана… А судејќи по коментарите на нејзините придружнички, сите се воодушевени од новиот изглед на сопругата на познатиот тенисер.

Заедно со фотографијата напишала дека учествувала на трибина на тема поддршка на жените во рамките на фондацијата „Новак Ѓоковиќ“.

– Денеска учествував на панел со прекрасни жени од целиот свет. Споделивме дел од нашите размислувања и искуства за мајчинството – се со цел да потсетиме дека женската енергија и креативност и создавање и изобилство, грижа и љубов… и дека е нормално да има сомнежи, замор и незадоволство во тој благослов на родителството. Поздрав до сите прекрасни жени и мажи – заедно сме посилни!