Грција од мај и за цело лето ги укинува сите мерки – влез во земјата без примени дози и тестирање

|

Од Делфи, каде се одржува 7 Економски форум, министерот за здравство, Танос Плеврис, најави дека укинувањето на мерките ќе се однесува од мај до крајот на летото. Тоа значи дека за неим*низираните нема да бидат потребни тестови.

Грција до септември ги укинува сите мерки. Неим*низираните ќе можат  слободно да влезат во земјата и без брз негативен тест. Од септември повторно ќе биде воведен брзиот тест, пишува порталот Енимеротико.

Од Делфи, каде се одржува 7 Економски форум, министерот за здравство, Танос Плеврис, најави дека укинувањето на мерките ќе се однесува од мај до крајот на летото.

Тоа значи дека за неим*низираните нема да бидат потребни тестови. Според министерот за здравство, мерките ќе се однесуваат само за време на летото, но дека повторно ќе ги вратат.

– Не ја игнорираме панде*ијата, но влегуваме во нова регулатива за укинување на ограничувањата, подготвени сме за есента и за им*низација, вели министерот.

Според информациите во медиумите, оваа одлука ќе стапи на сила од 2 мај.