Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан призна дека секогаш била искрена со своите деца, дури и среде бурен развод од нивниот татко Канје Вест.
Во интервјуто со Робин Робертс во „Добро утро, Америка“, Ким ја раскажа целата ситуација.
Таа вели дека имала тежок разговор со децата за Канје, бидејќи смета дека чесноста е најважна работа во семејството. Таа додаде дека се уште е горда на Канје бидејќи е многу отворена личност, но тешко се справувала со неговото загрижувачко однесување и јавните испади во последните месеци.
Се чини дека поранешната двојка се согласува дека благосостојбата на Норт (8), Сеинт (6), Чикаго (4) и Псалм (2) секогаш е на прво место.
Постарите деца, Норт и Сент, целосно разбираат што се случило со бракот на нивните родители.
За неа е многу важно децата да останат блиску до својот татко.
„Во моментов, Канје е посветен на здрава роднинска врска со Ким и е фокусиран на воспитувањето на нивните убави деца“, изјави за Six менаџерот на славниот рапер.