Прекин на водоснабдувањето денеска ќе имаат дел од корисниците во општина Гази Баба.
-Во период од 13:45 часот без вода ќе бидат корисницте од улиците „Анри Барбис“, „Модест“, „Мусоргски“, „Темко Попов“, дел од улица „Благоја Стефковски“ и улица „Карл Хрон“, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Корисниците ќе бидат без вода поради дефект на огрлица ф 300 мм на улица „Благоја Стефковски“ бб.
Исто така поради дислокација на доводен цевковод за водоснабдување, Струга од утре вечер во наредните 24 часа ќе биде без вода, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Прекинот, како што појасни директорот на претпријатието Дашмир Насуфи, ќе биде на целата територија на општината од 22 часот во вторник, до истото време во среда.
– Поради изведување работи во водоводната мрежа за дислокација на доводен цевковод за водоснабдување, односно замена на старите азбесни цевки со нови пластични кај Индустриската зона во Струга, ќе имаме 24-часовен прекин во водоснабдувањето, изјави Насуфи.
Промената на цевките, нагласи, ќе помогне во надминување на проблемот со снабдувањето со вода во Струга.