СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Малку сонце, па пак дождови и студ, еве кога

|

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ПОТОПЛО со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 16 степени.

Потоа до петок времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а температурите и понатаму ќе бележат тенденцнија на пораст и најтопло ќе биде во петок и во сабота кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Според Попоски, од сабота облачноста полека ќе се зголемува и ќе има појава на локални врнежи од дожд, додека ново заладување на времето и нешто повеќе врнежи се очекува од недела кога ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец.