Станува татко на 46 години: Грашо по свадбата за која зборуваше целиот регион, откри како се чувствува – „Доаѓа мало битие“

ИЗВОРНов Лист
|

Петар Грашо и Хана Хуљиќ се венчаа на 19 февруари во Сплит и наскоро ќе станат родители, бидејќи ќерката на Тончи Хуљиќ е бремена во шестиот месец. Раскинувањето со Даниелa, венчавката со Ханa, а потоа и полот на бебето – девојче, ништо не можеше да се сокрие од јавноста, бидејќи со месеци беа главна тема на медиумите низ регионот.

Сега пејачот откри како се подготвува за родителство и рече дека „во срцето има возбуда, но и малку страв“.

“Имам слатко исчекување, доаѓа нешто ново, мало битие. Тоа е најубавиот момент до крајот на мојот живот. Дали се плашам? Не. Среќен сум”, рекол Петар Грашо за бебето.