Бритни од првиот брак со Кевин Федерлајн веќе има два сина, Шон Престон (16) и Џејден Џејмс (15).
Ова ќе биде прво дете на нејзиниот вереник Сем Асгари. Тој ја сподели и добрата вест:
„Бракот и децата се природен дел од силната врска исполнета со љубов и почит. Татковството е нешто на што отсекогаш се радував и не го сфаќам лесно. Тоа е најважната работа што некогаш ќе ја имам“.
Сепак, фановите се малку загрижени за Бритни, бидејќи пејачката тешко ги издржа првите две бремености. Затоа некои мислат дека тоа не и е најдобро.
Многумина забележаа дека Брини се однесува чудно дури и на социјалните мрежи, па се многу загрижени за нејзиното здравје.