Владата денеска ја укина увозната давачка – царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење, како дополнителен стимул за одржување на снабдувањето на домашниот пазар од растот на цените. Одлуиката е донесена на предлог на Министерство за економија.
Со оваа мерка се овозможува увоз на сончогледово масло од други земји за кои нема преференцијален третман во трговијата, или не се предмет на безцаринска квота во рамки на договорите за слободна трговија, и за кои е утврдена царинска стапка од максимум 29 отсто.
Со укинување на увозната давачка – царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење ќе се даде можност до 31 мај 2022 година да се увезат потребните количини на овој основен прехранбен продукт од земји кои не се предмет на повластен царински стапки кои ќе обезбедат доволно количини за домашниот пазар и ќе се намали притисокот за раст на цените на овој производ.