Како што најавивме до петок времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево со понатамошен пораст на температурите. Најтопло ќе биде во петок и во сабота кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Според Попоски, постепено зголемување на облачноста исто така се очекува во сабота кога ќе има појава на локални врнежи од дожд, додека ново заладување на времето и нешто повеќе врнежи се очекуваат од недела кога ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец.
И во Скопскиот регион до петок времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 19 и 22 степени. Зголемување на облачноста се очекува во сабота, додека од недела ќе започнат да растат условите за нови повремени врнежи од дожд, додека температурите ќе бележат тенденција на пад а сето ова ќе биде проследено и со умерен до засилен ветер од северен правец.