Од утре веќе не е потребен сертификат за влез во Бугарија

|

Од утре, лицата кои пристигнуваат од Северна Македонија, Турција, Романија, Србија, Унгарија, Полска, Чешка, Словачка, Израел и Египет при влез во Бугарија веќе не се обврзани да поседуваат дигитален здравствен сертификат.

Одлуката ја донесе бугарската министерка за здравство проф. Асена Шербезова, со наредба издадена денеска.

Наредбата, исто така, наведува дека трупите на НАТО кои учествуваат во меѓународни вежби и мултинационални контингенти и придружници на цивили, исто така, не се обврзани да презентираат дигитален ЕУ сертификат за им*низација, прележана болест или негативен тест, или слични документи што ги содржат истите податоци.