Прекин во водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците „Св.Прохор Пчињски” и „Самоилова” во Општина Чаир.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради промена на затворач на улицата „Прохор Пчињски” бр.7.
Исто така, утре од 9 часот без водат ќе останат корисниците од улиците „Струма”, „Огражден”, „Пелистерска”, „Радиказ”, бул.„Илинден” и дел од „Карпошово Востание” во Општина Карпош, поради уличен дефект ф-100 мм на улицата „Струма” бр.1.
Од 9 часот без водоснабдување ќе останат корисниците од улиците „Михаил Чаков”, „Петар Делјан” и „Ѓорѓи Сугаре” во Општина Кисела Вода, поради промена на затворачи 2х100 мм и 1х 80мм на ул.„Михаил Чаков” бб (во близина на Кам Маркет).
Додека, пак, од 9 часот без вода ќе бидат корисниците од улиците „Козле”, „Јуриј Гагарин”, „Струшка”, „Мокра” и „Кораб” во Општина Карпош, поради реконструкција на водоводна мрежа ф 150 мм на ул.„Козле” раскрсница со „Кораб”.
Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцииите.