Ненадејна добивка за близнаците, овните ќе слушнат убави вести за деловното поле – Дневен Хороскоп (13.04.2022)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Конечно ќе слушнете некои убави вести поврзани за деловното поле. Во љубовта не очекувајте големи промени на љубовен план, ќе чувствате неков застој.

Бик (21.04 – 21.05)

Деловното партнерство кое можеби ќе го склопите денес може да ви донесе голема заработка но и некои други проблеми. Саканото лице е расположено да ви угоди и да ви приреди изненадување.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Некоја ненадејна добивка на игрите на среќа би можела да ви ја врати насмевката на лицето. Пред вас е поволен ден. Доколку сте слободни ве очекува огнена средба со Вага или Стрелец.

Рак (22.06 – 22.07)

Некои нови одлуки ве очекуваат, особено ако се занимавате со приватна работа. Поволен ден за продажба на недвижности. Сакате поголема стабилност на љубовен план, но не ви успева.

Лав (23.07 – 22.08)

Ве очекуваат значајни промени кога станува збор за вашето поле за финансии. Можете да се надевате на конечна стабилизација. Во љубовта ќе доживеете разочарување.

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе имате многу добра комуникација во деловното опкружување, па и ако некаде погрешите, ќе ви биде простено. Во љубовта ќе се обидувате да балансирате за некои нешта.

Вага (23.09 – 22.10)

Можно е денес да ви одговара малку побавно темпо. Нема да сакате да се оптеретувате со премногу обврски. Некој многу јасно ќе ви се додворува.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Нема да имате премногу обврски, па слободното време ќе го искористите за средба со пријателите. Во љубовта многу е важно да ја пронајдете вистинската личност за вас.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Имате големи и добри идеи. Потребна ви е помош од деловниот партнер за да можете да ги спроведете. Во љубовта ве очекуваат сиви денови, но ставете насмевка на лицето и не се грижете, се ќе помине.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ве очекува прилика да остварите напредување, од вас зависи дали ќе успеете. Доколку сте планирале некоја љубовна врска, сега е моментот за тоа.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе имате среќни околности, а со самото тоа и ќе пронајдете решение за деловниот проблем. Денот е добар и за љубов, ќе ви одговара секој потег кој ќе го направи партнерот.

Риби (20.02 – 20.03)

Ако сте имале некој проблем поврзан за материјалната стабилност, сега ќе сфатите дека всушност за џабе сте се грижеле толку. Ќе следи одлично подобрување на тој план. Во љубовта ќе бидете приврзани за партнерот кој многу го сакате.