Викторија Бекам на венчавката на нејзиниот син носеше детал од 3.5 милиони долари

ИЗВОРНов Лист
|

Викендов сите очи беа вперени во раскошната венчавка на Бруклин Бекам и ќерката на милијардерот Никол Пелц, а посебно внимание привлече мајката на младоженецот Викторија Бекам, која на венчавката се појави во гламурозно издание.

Таа носеше сребрен фустан од сопствената модна марка, што беше првото парче облека на оваа етикета направено во лондонското студио на компанијата, но многумина го забележаа и дијамантскиот ѓердан што го носеше околу вратот.

Според Кирон Кеог, ко-основач на ROX Diamonds & Thrills, ѓерданот содржи околу 18 карати, а неговата вредност се проценува на приближно 3,5 милиони долари.

На својот Инстаграм профил, Викторија подоцна објави фотографија од огрлицата одблиску.

Дејвид и Бруклин Бекам на венчавката носеле костуми на Диор, а таткото на својот син му купил Јагуар од 1954 година за 500.000 долари како свадбен подарок.

Да потсетиме, парот го кажа судбоносното „да“ на Палм Бич, Флорида и беа одржани две свадбени церемонии – една еврејска и една католичка, бидејќи нивните семејства се од различна вера. Трошоците за раскошната венчавка, која според извори блиски на парот чинела повеќе од 19 милиони длари, ги платил свекорот на Бруклин, милијардерот Нелсон Пелц.