ОД 1 МАЈ: Грција ги укинува задолжителниот сертификат и маските, за правилата за патување дополнително ќе се одлучува

|

Сертификатот за им*низавија или прележана болест, како и задолжителниот тест за неим*низирсните што важат за влез во сите простори во внатрешноста на Грција, од 1 мај до 31 август се укинуваат, а за правилата за патување дополнително ќе се донесе одлука, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, претпладнево ги соопшти одлуките на Владата за олабавување на мерките, меѓу кои се укинува сертификатот од 1 мај, се укинува задолжителната маска од 1 јуни, како и задолжителниот селф тест за учениците.

-Во следниот период ќе се разгледа и укинувањето на европскиот сертификат за влез во земјата, па така ќе постои ново соопштение, рече Плеврис.

Истакна дека сите мерки одново ќе се разгледаат на 1 септември.