Пејачот Петар Грашо на 19 февруари се ожени со Хана Хуљиќ. Иако се обидоа свадбата да помине без медиумска помпа, не успеаја.
Грашо раскажа како се изгледало тој ден.
– Сè се случи точно како што замисливме – тесен круг луѓе, само пријатели … Единствено што не замислувавме беа 250 новинари и осум екипи пред црквата, дека ќе треба да дојдеме со комбе, дека ќе мора да не штитат. Имавме романтична визија, по уличката да стигнеме до црквата. Навистина личеше на митинг на папараци – изјави Грашо, додавајќи:
– Ги собравме нашите најмили луѓе и направивме забава.
Петар Грашо никогаш не зборувал премногу за својот приватен живот, а сега откри дека не сака да досаѓа на својата публика со детали од приватниот живот.
– Отсекогаш сум сакал и ќе останам доследен мојата публика и луѓето кои ме слушаат, моите пријатели, како што сакам да ја нарекувам публиката, да не се замараат со работи што им пречат на 90 проценти од луѓето од Инстаграм, а тоа е сликањето. Пена, јагоди во устата, Дубаи, Њујорк, сето тоа слично испеглано – изјави Петар Грашо.