Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од северозападен правец.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до околу 20 степени.
Потоа до петок времето ќе се задржи сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.
Во сабота ќе има постепено зголемување на облачноста и ќе има појава на слаб локален дожд, додека ново поголемо заладување на времето и повеќе врнежи од дожд ќе има во недела кога на планините истите ќе преминуваат во врнежи од снег, а сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец.