Како што најавивме до петок времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени. Во сабота ќе има постепено зголемување на облачноста и ќе има појава на слаб локален дожд, додека повеќе врнежи од дожд и ПОГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето ќе има во недела.
На планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег а сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
И во Скопскиот регион до петок времето ќе биде претежно сончево и топло а температурата ќе се искачи до околу 22 степени.
Во сабота ќе има постепено зголемување на облачноста и доцна попладне и навечер ќе има услови за слаб локален дожд, додека поголем пад на температурите и повеќе врнежи ќе има во недела, кога ќе дува и засилен ветер од северен правец – заклучува Попоски.