Музичарот Петар Грашо (46) по двата успешни концерти во Арена Загреб, каде заедно со публиката го прослави роденденот, приреди концерт за паметење во Сплит, а сега најави голем музички спектакл на 11 ноември во белградска арена.
Иако настапот е за неколку месеци, Грашо ги објави гостите и продукциските планови, а коментираше и на темата за новото засилување кое наскоро ќе пристигне во нивното семејство.
– Не сум нервозен, имам слатко исчекување. Јас сум тип кој едноставно знае дека тие неколку дена пред концертот ќе бидат страшно бурни… Два дена пред концертот мојот мозок е ставен во безбеден режим. Немам нервоза или посебни ритуали. Кога знам дека се е во ред, а јас сум голем контрол фрик, што е доблест и мана, ја затворам гардеробата еден час пред концертот. Не пијам алкохол, наздравувам со бендот и почнуваме да свириме – изјави музичарот.
-Никој што ќе стане родител не треба да има страв, тоа е слатко исчекување. Доаѓа нешто ново, ново битие, некој нов твој печат до крајот на животот, најубавиот. Не се плашам – додаде Грашо, па откри дека се уште немаат подготвено име.