Карди Би го откри необичното име на нејзиниот син седум месеци по породувањето

ИЗВОРНов Лист
|

Карди Б и Офсет конечно го открија името на нивниот син седум месеци по неговото раѓање.

Карди Б ја сподели првата слика од малото на Инстаграм, а парот објави дека се вика Wave Set Cephus. Малиот Wave Set се роди во септември минатата година, а раперите до вчера го криеја неговото име и идентитет. Карди на Твитер открила дека името Вејв било идеја на нејзиниот сопруг и дека предлогот веднаш и се допаднал.

Семејството позираше за насловната страница на магазинот Essence, а покрај нивните две деца Кутлуере и Вејв, се фотографираа и со децата кои Офсет ги доби во претходните врски.

Офсет, вистинско име Киари Кендрел Цефус, покрај децата со Карди, ги има и ќерката Кале (7) и синовите Коди (7) и Џордан (12).