ДОАЃА НОВ ИЗРАЗЕН СТУДЕН БРАН – СО СЕБЕ НОСИ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЗА ПОВЕЌЕ ОД ДЕСЕТ СТЕПЕНИ, ДОЖД, СНЕГ И СНЕЖНА ПОКРИВКА

|

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени.

Потоа како што најавивме, утре полека облачноста ќе се зголемува и попладне и навечер ќе има појава на локален дожд. Температурите ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.

И во Скопскиот регион утре полека облачноста ќе се зголемува, додека максималната температура ќе се искачи до околу 22 степени.

Веќе во недела, како и во почетокот од следната недела под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, ќе имаме значително постудено време со повремени врнежи од дожд, додека на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на повисоките како и на планинските места ќе дојде до формирање на нова снежна покривка. Сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец, додека температурите ќе опаднат дури за повеќе од десет степени и од недела па натаму ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 13 степени, и истите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината.

Наутро температурите понекаде ќе се спуштаат и под нулата, со што ќе има појава на мраз.

Да напоменеме дека за време на овој влажен и студен воздушен бран, услови за врнежи од дожд и снег ќе има и на некои места со помала надморска височина. Исто така, локално ќе наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 30 л/м2) и тоа особено во јужните, југоисточните како и во западните предели.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki