Една од најголмите маки поврзани со велигденските јајца е што при варење многу од нив можат да прснат. Еве некои трикови за убави и здрави велигденски јајца .
Она што треба да знаете е дека никогаш не се ставаат јајцата од фрижидер директно во врела вода. Температурната разлика е премногу голема и нормално дека лушпата ќе пукне. Најдобро е да го камуфлирате дефектот со користење на техниката за бојадисување со памук.
За да ја избегнете оваа несреќа може да направите дупче со игла во јајцето. Важно е сепак дупката да е во врвот, а не во страничниот дел на јајцето, бидејќи таму има воздушен балон меѓу лушпата и “кожата” одвнатре. Со овој трик ќе го намалите притисокот при вриење и јајцето ќе остане цврсто.
Исто така треба да знаете дека јајцата се ставаат во топлата вода пред таа да зоврие . Додајте го времето на јајцата во водата кон времето во кое тие вријат. За тврдо варени јајца се потребни околу 7 минути.
Откако ќе минат 7 минути извадете ги јајцата од топлата вода и облејте ги со ладна за полесно лупење.
Подгответе си ги боите во чинии. Додајте 1 лажичка оцет кон секоја боја , за да “фаќа” подобро и наполнете ги чиниите со топла вода. Ставете го јајцето и почекајте 1-2 минути да се бојадиса.
Варете ги полека на тивок оган
Јајцата извадете ги од ладилник неколку минути пред варењето. Ставете ги ладна вода и варете ги полека на тивок оган, се додека не зоврие водата. На овој начин лушпата на јајцето полека ќе се прилагодува на се повисока температура и помала е веројатноста да испука.
Додадете сол во водата
Солта може да помогне лушпата на јајцето да не испука. Во водата во која се варат јајцата ставете неколку лажици готварска сол. На овој начин ќе го спречите пукањето на јајцата.
Додате оцет во водата
Во водата во која се варат јајцата да се додаде половина чаша оцет. Оцетот помага лушпата на јајцето да стане пофлексибилна и да се спречи нејзино пукање.