Притисната на ѕидот во задниот ходник на црквата на Воскресението Христово во Ерусалим, камената плоча сведочеше само за графитите врежани на неа од многу аџии низ вековите.
Но, каменот со димензии од 2,5 на 1,5 метри се покажа многу поскапоцен кога неговата друга страна беше откриена за време на неодамнешното реновирање на црквата, која според традицијата се смета за место на расп нувањето и пог ребот на Исус и е позната и како црква на Светиот гроб.
Истражувачите веруваат дека сложените орнаменти во облик на јазол што ги пронашле на долго скриениот дел од плочата укажуваат на тоа дека тоа некогаш бил украсениот преден дел на средновековен олтар кој гордо стоел на едно од најсветите места во христијанството со векови.
Не можете да го видите сега, но првично имаше вметнати парчиња скапоцен мермер, стакло, мал, ситно изработен мермер. Тоа блесна и беше навистина неверојатен артефакт – вели за „Ројтерс“, Амит Рим, регионален археолог во Ерусалим од израелската управа за антиквитети.
Рим, го предводел истражувањето заедно со Илја Берковиќ од Австриската академија на науките.
Тие идентификуваа уникатен метод на украсување кој ги комбинира класичната, византиската и раната исламска уметност, во која фино исечените шарени мермерни плочки се користат за пополнување на кружни гравури на камен.
Стоеше на врвот, на светилиштето на Црквата (на Светиот гроб), Сите погледи на верниците, аџиите, беа свртени кон оваа зграда. А, веднаш над него и околу него литургија служеа сите првосвештеници, свештеници и монаси на црквата, токму овде на трпезата на овој олтар – вели Рим
Истражувачите велат дека слично украсени олтари биле пронајдени во црквите од 12 и 13 век во Рим.
Експертите веруваат дека реликвијата во Ерусалим одговара на претходните археолошки наоди и извештаи на аџии за осветувањето на црквата од страна на крстоносците и подигањето на нејзиниот главен олтар во 1149 година.
Олтарот го користело католичкото свештенство за миса додека крстоносците не го напуштиле Ерусалим. Подоцна бил користен од Грчката православна црква додека не бил оштетен во пожар во 1808 година, фрлен и заборавен до неодамнешното реновирање – вели Рим.
Константинополскиот архиепископ Аристарх, главен секретар на Грчката православна патријаршија во Ерусалим, ги поздрави ваквите истражувања во црквата.
Делата на луѓето од уметноста, луѓето од археологијата, придонесуваат за нас, придонесуваат за верувањето на црквата, уверувањето на црквата дека ова е местото… каде што беше распнат Исус Христос… погребан и од каде што тој воскресна – вели тој за „Ројтерс“.
Се очекува израелското истражувачко друштво да ги објави наодите на истражувачите до крајот на годината.