Ќерката на Брус Вилис ги забрза плановите за венчавка: „Најважно им е тој да е здрав и да ја придружува од олтарот“

ИЗВОРНов Лист
|

Најстарата ќерка на Брус Вилис, Талула Вилис, решила да ги забрза плановите за венчавка за да може нејзиниот татко да ја однесе до олтарот.

Имено, како што пренесуваат американските медиуми, Талулa ќе ја забрза организацијата околу венчавката, за да присуствува и Брус кој неодамна ја заврши актерската кариера поради здравствени проблеми.

Талула се мажи за 33-годишниот режисер Дилон Бус. Сакале да ја одложат венчавката, но како што пишуваат медиумите, Талула се предомислила и решила да ги забрза работите за да може нејзиниот татко, познатиот актер Брус Вилис да ја однесе до олтарот.

– Најважно им е да е присутен, но и да е доволно здрав за да ја придружува до олтарот – рекол извор за американските медиуми.