Како што најавивме, од утре па во следните денови времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но и со повремени локални послаби врнежи од дожд. Особено во среда ќе дува и умерен, на некои места засилен ветер од јужен правец.
Што се однесува до температурите, минималните до четврток на некои места ќе се спуштаат за неколку степени под нулата, додека максималните ќе бележат тенденција на постепен пораст и некаде кон крајот на оваа работна недела истите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, што значи дека барем одсега гледано за време на продолжениот празничен викенд ќе имаме ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО време, но со услови за повремена нестабилност – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но и со услови за повремен слаб дожд. Особено во среда и во четврток попладне и кон крајот на денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, а температурите ќе бележат тенденција на постепен пораст.