Покрај велигденските јајца кои ќе ги бојадисувате и декорирате на интересен начин, време е да одберете интересни декорации за вашата велигденска трпеза коишто ќе додадат позитивно расположение во празничниот дух.
Постојат голем број на различни идеи и начини за да ја декорирате велигденската трпеза. Велигден е празник којшто се карактеризира со велигденски јајца, цвеќиња, зајачиња и шарени и убави бои.
Зависно од храната којашто планирате да ја подготовите и поставите на масата, одберете интересни декорации коишто ќе ја надополнат трпезата. Можете да одберете интересни салфети и чинии, да ставите убав букет цвеќе на масата, можете да направите уникатни корпи за јајца и слично.
Овие фотографии нека ви бидат инспирација и мотивација за да бидете покреативни и да ги израдувате своите блиски со убава и уникатна велигденска трпеза.