Благодарение на советите на познатата нутрицуонистка Клаудија Адеми досега ослабеле многу познати личности од регионот. Пејачки, спортисти, сосема обични луѓе, дамите кои се во менопауза, но и деца кои се борат со килограмите успеаја да го доведат телото во топ форма, но и здравствено да ги решат проблемите. Адеми открива дека уште во првиот месец, резултатите видливи се оти успева да им намали од 8 до 12 килограми, како за почеток. Во интервјуто за „Репортер“, таа раскажа дека и дека пет пати на ден им дозволува да јадат и со еден час вежбање, секогаш има резултати.
„Јас сум личен тренер и сè што барам е да ме слушаат за да имаат успех. На почетокот никому не му е лесно, но на крајот нема поголема радост кога ќе видиш како некој кој имал прекумерна тежина одеднаш вагата му покажува половина од она што било претходно. Посебно ме радува кога некој откако ќе ослабе, ќе продолжи да живее среќно со функционална штитна жлезда, без депресија, дијабетес, без холестерол и многу други здравствени проблеми“, вели Адеми, која со нутриционизам се занимава 30 години, а работи и како личен тренер.
Не е тајна дека кај неа ослабе поп-пејачката Антониа Гиговска, скоро 30 килограми, а српската пејачка Ана Бекута, се преполови откако реши да се префрли на здрав начин на исхрана и да вежба. Таа дотерувајќи ја својата линија успеа да го ослабе и сега покојниот сопругот Мркела.
Сите финти за слабеење, како ги ослабе популарните пејачки, кое е идеално мени, која храна како се комбинира, по нешто и за животот во Шпанија и Германија, како е да си дете од мешан брак… Гладајте го интервјуто.