|
Дел од јавниот сектор од 26-ти месецов излегува на протест.
Секој ден од 16 до 17 часот ќе протестираат пред Владата и Собранието. Велат дека членството на КСС разочарано и изманипулирано од игноранскиот однос на властите.
Ги повикаа пратениците да не го гласаат законот за административни службеници затоа што со него вработените во јавниот сектор ќе добијат покачување од од 100 до 300 денари покачување.
Бараат да се покачи бодот за платите да се усогласат со порастот на минималецот.