Пронајдена жена која сопругот ја пријави за исчезната пред неколку дена

|

На 18.04.2022 во 13:30 часот во Битола била пронајдена Б.К.(42) од Битола.

За неа, нејзиниот сопруг К.К.(46) на 17.04.2022 пријавил дека се оддалечила од домот.

МВР вчера исто така инфпрмираше дека на 17.04.2022 околу 20:37 часот во СВР Битола било пријавено дека во близина на село Карамани, битолско, бил пронајдено телото на С.С.(81), за кој на 02.12.2021 беше пријавено дека се оддалечил од домот.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола и Јавен обвинител, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција, соопштија од МВР.