Без вода утре од 9:30 часот ќе бидат корисниците од улица „Шарски Одред“ и дел од улица „Козара“ во Општина Центар.
Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“, причината за прекинот е изведување водоводен приклучок од ф80мм на улицата „Шарски Одред“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со работата.
Без електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците од дел од скопските општини Кисела Вода, Студеничани и Аеродром.
Од РЦУК – Скопје го пренесуваат известувањето од ЕВН Македонија дека во периодот од 8 до 14 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Малешевска”, лоцирани спроти основното училиште. Од 8:30 до 12 часот ќе бидат корисниците од улицата 1 на потегот од маркет Рејсер до вториот влез на село Батинци.
Во периодот од 8.30 до 15 часот ќе има прекин на електричната енергија за корисниците од улицата „Пандил Шишков” броевите 10 и 22, а од 12 до 16 часот за корисниците лоцирани во кругот на фабриката Стаклара на булевар „Борис Трајковски”.