Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за исплата на пензии за април 2022 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 21.4.2022 година, кои треба да обезбедат пензионерите да може да располагаат со априлските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.4.2022 година.
Со оваа информација Владата им препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите што не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:
за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.4.2022 година (вторник); за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.4.2022 година (среда); за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.4.2022 година (четврток) и за пензии со висина над 18.001 денар, исплата да се изврши на 29.4.2022 година (петок).