Како што најавивме, и во следните денови, вклучувајќи ги и Велигденските празници времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но и со повремени локални врнежи од дожд. Особено во петок попладне и навечер ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи. Исто така, особено утре и повторно во петок ќе дува и умерен, повремено засилен ветер претежно од јужен правец.
Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бележат тенденција на пораст, а особено топло ќе биде за време на викендот, кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
И во Скопскиот регион понатаму во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Повремено има помали услови за повремен локален дожд, а особено утре и во петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер, во текот на утрешниот ден од променлив, додека во петок од југоисточен правец.
Температурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени.