Што треба да направите со првото велигденско јајце од лани?

|

Јајцето е симбол на обновување на природата и животот. Црвеното јајце значи радост и за оние кое го даваат и кои го добиваат.

Првото бојадисано јајце се нарекува „чувар на домот“.

Според преданијата, првите јајца на царот Тибериј му ги подарила Марија Магдалена, која во Рим дошла со порака за воскреснувањето.

На Велики четврток се фарбаат велигденските јајца, а главното прашање кое се поставува е што се прави со првото јајце од минатата година кое домаќинките го чуваат.

Првото јајце се чува додека не се офарба ново прво јајце, и важи за чувар на куќата.

Старото јајце се смета за свето па така не смеете да го фрлите било каде, најчесто тоа се пушта во река за да го однесе сето зло од дома.

Ако нема река во близина се фрла што подалеку од домот.