|
На Велигден сите се кршат со велигденски јајца, а „победува“ оној во кого ќе остане здравото јајце. Според народните верувања, него ќе го следи здравје во годината која доаѓа.
Но, кршењето на јајцата не претставува само „бо*ба за здравје“. Тоа исто така го симболизира воскреснувањето на Исус од мр*вите. Како што Исусовиот гроб се отворил кога тој воскреснал, за да го најави новиот живот, така и јајцето се крши кога од него излегува нов живот.
Кога се кршиме со јајцата, ние всушност го означуваме и се потсетуваме на воскреснувањето на Исус Христос.
За Велигден се вели дека е празник над празниците, ден кога Исус ја докажал својата божествена сила и моќ. Поканете го духовниот мир и полни со радост прославете го Христовото воскресение.