Добар период за биковите, неизвесност за стрелците – Дневен Хороскоп (20.04.2022)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Бидете внимателни и не решавајте го проблемот со повишување на тонот. Обземени сте со себе и не забележувате што се случува со вас на работното место. Една помлада личност, на секаков начин се обидува да го привлече вашето внимание.

Бик (21.04 – 21.05)

Ви се укажува прилика да запознаете некоја личност која многу ќе ви помогне во работата. Некој кој ве цени сака да ви излезе во пресрет. Вашиот шарм ќе дојде до полн израз, поради што добро ќе се чувствувате и ќе бидете задоволни од себе.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Во љубовта чувствувате мала напнатост. Она што сте го замислиле не ви се исполнува на начин како што сакате. Наидувате на ѕид и ситуацијата ви се чини нерешлива. Време е да го смените пристапот и да престанете да ја притискате личноста која ја сакате.

Рак (22.06 – 22.07)

Потребна ви е поголема самодоверба. Можеби ќе успеете и без ничија поддршка, а може да се случи лесно да станете товар на некого. Постои голема веројатност да ги влошите односите со вашиот партнер.

Лав (23.07 – 22.08)

Вашата работа трпи поради нејасните цели што ги имате. Во попладневните часови може да дојде до будење. Ќе сфатите дека е веќе минута до дванаесет и дека морате да делувате брзо ако сакате да се спасите од финансиски неуспех.

Девица (23.08 – 22.09)

Не треба да се откажувате на средина од патот. Ризици секогаш има, но со јасна свест и одговорност преку пречките се поминува лесно, особено кога придобивките се поголеми. Запомнете дека не постојат целосно позитивни ситуации или луѓе.

Вага (23.09 – 22.10)

На невообичаен начин ќе успеете да решите некои свои проблеми. Ве очекува поддршка од една Вага. Магично сте привлечни за спротивниот пол и ќе се сетите како тоа изгледало кога не можеле да одолеат на вашиот шарм.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Имате потреба да се докажувате во сите деловни сфери, но и во приватниот живот, па затоа можноста за грешки е голема. Посветете им повеќе внимание на потребите на партнерот.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Сакате да кажете се што мислите, без оглед на можните последици. Тркалото на среќата се движи и вие сфаќате колку сте моќни и доминантни. Ако се работи за љубовниот однос, исходот е неизвесен, а тоа ќе ви донесе внатрешен немир.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе добиете помош од лицата од кои тоа најмалку го очекувате. На љубовен план главно владее затишје, но вие никогаш не сте сигурни како партнерот ќе реагира на вашите примедби. Затоа обидете се да не ставате препреки без потреба.

Водолија (21.01 – 19.02)

Чувствителни сте на критики. Вашата работа и она што досега сте можеле да го направите а не сте го направиле ќе виде тема во домот, но и причина за завист меѓу колегите. Ви претсотои интересно познанство со некој кој е доста повозрасен од вас.

Риби (20.02 – 20.03)

Препреките пред вас не ви влеваат надеж. Некој ќе ве провоцира се додека не дознае се што го интересира. Би било добро да бидете колку што можете подискретни, бидејќи ќе паднете во немислост кај оние од кои на некој начин зависите.